ЕкономијаМакедонија

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ против минималец за јавниот сектор – СДСМ инсистира на солидарност и финансиска конструкција

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ- Работник
92views

Владиниот колициски партнер на СДСМ – ДУИ излезе против предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за намалување на платите на вработените во јавниот сектор до ниво на минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека за него и за ДУИ е прифатливо намалување на платите за владините функцинери, но не и за административците, како мерка на солидарнст и обезбедување на пари за штетите од пандемијата со КОВИД -19.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, не бара само намалување на платите на функцинерите туку тие да работата целосно про боно, а да се откажат и од привилегиите. На тој начин, пресметале во ВМРО-ДПМНЕ, ќе се заштедуваат по 2,5 милиони евра месечно, пари кои треба да бидат искористени за санирање на штетите од коронавирусот.

Јанушев обивни дека министерката за одбрана Шеќеринска на пат и презентации и ручеци минатата недела за време на пандемијна потрошила илион и 400 илјади денари. ВМРО-ДПМНЕ ги повтори своите барања з аобезбедување на милјардна евра за стопанството преку надворепшни заемини, о и издавање на домашни хартии од вредност.

Од СДСМ пак, коментираат дека мерките се направени врз база на солидарност и финансиска конструкција.

Затоа сите функционери, министри, директори, градоначалници, сите раководители и сите вработени во јавниот сектор ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите на управните и надзорните одбори нема да земаат надоместоци во месеците април и мај. Овие пари ќе одат директно во фонд преку кој ќе им се помага на граѓаните и компаниите погодени од кризата“, велат од партијата на Заев.

Извор: Сител