ЕкономијаМакедонија

Дури 455,100 Македонци живеат во сиромаштија

Дури 455,100 Македонци - Работник
155views

Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2018 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 21.9.%.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22.0 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.9 %.