ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Еве во кои земји најмногу се ценат работниците

Еве во кои земји најмногу се ценат работниците - Работник Фото: Pixbay
120views

Швајцарија е прогласена за најдобро место на светот за привлекување и грижа на квалификувани работници, четврта година по ред.

Оваа централноевропска држава зад себе ги оставила Данска, Луксмебург, Исланд и Шведска на светската лисда на IMD на таленти објавена во четвртокот, пренесува Си – Ен – Би – Си.

Швајцарија е пофалена поради високвалитетниот образовен систем и фокусирањето на талентите, како и способноста да привлече професионалци од странство со високиот животен стандрад и големите плати. 

Данска добро се покажала според еднаквите можности во целото општество, а Луксембург се истакнал по континуираните инвестирања во работната сила во текот на последните неколку години.

Еве десет најдобри држави на листата од 63 пазари која во голема мера ја предводи Западна Европа:

  1. Швајцарија
  2. Данска
  3. Луксембург
  4. Исланд
  5. Шведска
  6. Австрија
  7. Норвешка
  8. Канада
  9. Сингапур
  10. Холандија

САД го зазеле 15 место, веднаш за Германија (11), Австралија (13) и Хонгконг (14). Ирска се наоѓа на 18 место, Тајван е на 20, а Велика Британија на 23.

На дното се наоѓаат Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на ранг листата. 

Годишната ранг листа на IMD настојува да пружи слика за фондовите на таленти во водечките економии, а со самото тоа и за нивната глобална конкурентност.

Економиите се проценуваат според три клучни критериуми: „Инвестиции и развој“ – гледаат на тоа како некоја земја ги поттикнува домашните таленти; „Апел“ – се проценува во која мера економијата ги задржува домашните таленти и ги привлекува меѓународните таленти и „Подготвеност“ – се мери квалитетот на достапните вештини и компентециите.

Фото: Pixbay

Како и претходните години, најновата студија е спроведена помеѓу јануари и април и како таква не го објаснува во потполност влијанието на пандемијата. Меѓутоа, Хозе Кабалерос, виш економист во светскиот центар на IMD за конкурентност, рекол дека наодите даваат некои индиции кои пазари на труд можат да почувстуваат најголем социјален и економски пад.

Индонезија која го заземала 45 место и Малезија која е 23 на листата, оваа година паднале доле. До тоа дошло поради „одливот на мозоци“, емиграцијата на образовани работници од матичните држави и намалување на способноста за привлекување на странски висококвалификувани работници, рекол Кабалерос. Додал дека пандемијата веројатно ќе го влоши овој проблем. 

Во меѓувреме, и другите земји кои во голема мера се потпираат на странски таленти, како Сингапур, Австралија, САД и Велика Британија би можеле да видат негативно влијание поради неодамнешните ограничувања, се наведува во извештајот.

Но, Кабалерос рекол дека пандемијата им пружила и прилика на економиите да инвестираат во својот народ и да се прилагодат на новите начини на работа.

„Овозможувањето на вработените да стекнат нови или да ги пренасочат постоечките вештини, на пример, преоѓање на работа од далечина, ќе биде од суштинска важност за одржување на ефикасноста на здружувањето на таленти во блиска иднина“, рекол тој.

Според Кабалерос, оваа ефикасност ќе биде потребна за соочување со нови предизвици кои можат да настанат по моменталната криза. Овозможувањето на усвојувањето на флексибилни нови технологии исто ќе биде корисно за таквите економии, бидејќи тие ќе можат да се прераспределат за да ги задоволат потребите на контекстот кој постојано се менува.