Занимливости

Еве со што се бават најбогатите луѓе во текот на епидемијата

Еве со што се бават најбогатите - Работник
136views

Милијардерите можеби имаат подобар пристап до тестирањето на новиот корона вирус од луѓето кои немаат толку пари, но со оглед на тоа дека властите ширум светот повикуваат на социјална дистанца, нема многу разлика помеѓу милијардерите и „обичните луѓе“. Еве како некои од најбогатите луѓе на светот ја поднесуваат епидемијата на корона вирусот.

Елон Маск сеуште оди на работа, додека на своите врботени им рекол дека не мораат да одат.

„Лично ќе бидам на работа, но тоа сум само јас“, напишал Маск во мејлот до вработените на компанијата Тесла. „Потполно е во ред ако од било која причина сакате да останете дома“, додал тој.

Маск во мејлот напишал и дека верува дека јавноста претерано реагира на пандемијата. „Мое искрено мислење е дека штетата потекнува од паниката поради епидемијата далеку преоѓајќи ја штетата која ја нанесува самиот вирус“, напишал Маск.

„Доколку дојде до масовно пренасочување на медицинските средства сразмерно на опасноста, тоа ќе резултира со помалку достапна нега за оние кои имаат критична медицинска потреба, што не служи за поголемо добро“, рекол Маск.

Бил Гејтс најавил дека се повлекува од одборот од Мајкрософт и Брешкир Хатавеј за да се фокусира на филантропијата, откако корона вирусот го нарекол „едновековен патоген“. 

„Одлучив да отстапам од двата јавни одбори во кои членувам, Мајкрософт и Брекшир Хатавеј, за да се посветам повеќе на филантропијата, вклучувајќи го глобалното здравје и развојот, образованието и се поголемиот ангажман во борбата против климатските промени“, објавил Гејтс на Линкедин на 13 март.

Гејтс претходно предупредувал дека светот не е подготвен за пандемија. „Заканата од смртоносните пандемии е подеднакво иста како и заканата од нуклеарните оружја и климатските промени“, рекол Гејтс во есејот за Бизинс Инсајдер во 2017 година. „ Иновациите, соработката и внимателното планирање можат драматично да ги ублажат ризиците на секоја од овие закани“.

Во меѓувреме неговата сопруга, Мелинда Гејтс работи од дома и ужива на отворено.

Што се однесува до мене, помеѓу видео состаноците за одговорите на корона вирусот и другите прашања околу фондацијата, на дневен ред ми е излегувањето надвор (додека сеуште ги следам правилата за социјална дистанца) да ја впијам убавината на северозапаниот Пацифик“, напишала на својот Инстаграм.

Семејството Гејтс ветило дека ќе донира 100 милиони долари преку својата фондација како поддршка на сите напори за лечење ширум светот, градење на инфраструктура за лечење на пациентите во Африка и јужна Азија и финансирање на развојот на вакцина против вирусот, пренел Бизнис Инсајдер.

Џеф Безос разговарал со Белата куќа и сака да ги вработи во Амазон сите работници кои останале без работа.

Амазон е во процес на вработување на 100,000 нови работници за да излезе во пресрт на растечката побарувачка, рекол Безос во отворено писмо до вработените во Амазон, објавено во саботата на неговиот Инстаграм профил.

Безос рекол дека и платите на сите вработени се зголемени по час, вклучувајќи ги тие и на новите вработени. „Сето мое време сега е насочено кон Ковид – 19 и на тоа како Амазон може најдобро да ја одигра својата улога“, напишал Безос.

„Сакам да знаете дека Амазон и понатаму ќе ја обавува својата работа, и нема да престанеме да бараме нови можности за да помогнеме“.

Ворен Бафет се пошегувал на Јаха Фајнанс дека пие Кока – Кола за да се заштити од Корона вирусот. 

„Пијам малку Кока – Кола и тоа изгледа ги одби сите други работи во животот“, рекол Бафет во текот на настапот на Јаха Фајнанс на 15 март.

Меѓутоа, додатната Кока – Кола не го заштитила инвестиционото портфолио на Брекшир Хатавеј. Компанијата изгубила само 70 милијарди долари на своите 10 најголеми вложувања, известил Маркетс Инсајдер.

Основачот на Алибаба, Џек Ма донира милиони на тестови и маски на погодените подрачја. 

Ма се обрзал дека до 12 март на САД ќе му поклони 500,000 тестови за корона вирусот.