- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Еврозоната влегува во двојна рецесија, но оптимизот расте

Еврозоната влегува во двојна рецесија- Работник
75views

Економијата во еврозоната сосема извесно влегува во двојна рецесија бидејќи мерките за затворање продолжуваат да ја попречуваат услужната индустрија, но надежите за зајакнување на кампањите за вакцинација го зголемија деловниот оптимизам на највисоко ниво во последните три години, покажа денеска објавеното истражување на аналитичката фирма IHS Markit.

Индексот на менаџерите за набавки на Markit (PMI) за февруари, кој се смета како добар показател за економското здравје, се зголеми на 48,8 поени од 47,8 поени во јануари, но сепак останува под границата од 50 поени, одделувајќи го растот од падот.

Advertisement

Зголемувањето на вредноста на индексот најмногу се должи на речиси рекордниот раст на производството, бидејќи фабриките во 19 земји кои го користат еврото генерално останаа отворени по обновените рестриктивни мерки насочени кон спречување на зголемувањето на бројот на новите случаи на коронавирусот.

Од друга страна, угостителските објекти и места за забава морале да останат затворени, а властите им препорачуваа на граѓаните да останат дома.

Advertisement

Економијата во еврозоната забележа пад во првите два квартала од 2020 година, а голем број економисти предвидоа во минатомесечното истражување на Ројтерс дека ќе се повторат двата последователни квартални падови – во минатогодишниот последен и првиот овогодишен квартал.

Како сериозни закани се наведени бавниот процес на вакцинација во ЕУ, загриженоста за новите мутации на коронавирусот поради кои се продолжуваат мерките за заклучување, придушената економска активност и зголемувањето на невработеноста.

И покрај се што е наведено, бизнисмените очекуваат негативните ризици да бидат неутрализирани, при што индексот на идното производство, кој го мери нивниот оптимизам, се зголеми на 67 поени од претходните 64,2 поени.

Advertisement