- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Еврокомисијата загрижена за дигиталните работнички права

Еврокомисијата загрижена - Работник
72views

Со пандемијата и развојот на дигиталната работа, Европската комисија отвора консултација со социјалните партнери за правата на работниците во овие нови услови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Работата преку онлајн платформи која експлодираше откако започна пандемијата поттикнува нови прашања во однос на социјалната заштита на работниците, условите за работа, недоволната транспарентност и несигурноста на договорите за работа, како и здравствени и безбедносни проблеми, смета Европската комисија. Оттаму нагласуваат дека загриженост постои и околу прекуграничните ситуации и алгоритмите.

Advertisement

Комисијата ги повикува социјалните партнери, синдикатите, организациите на работодавци, и другите релевантни чинители да одговорат на консултацијата што се отвора денеска по ова прашање. Врз основа на одговорите, после двете фази на консултации, Европската Комисија би требало да формулира неколку предлози кои потоа ќе им бидат поднесени на Советот и Парламентот на ЕУ за одобрување.

-Во екот на оваа дигитална транзиција не смееме да ги изгубиме од вид основните принципи на нашиот европски социјален модел. Треба да направиме сѐ за создавање на работни места, што доаѓа со дигиталните платформи, да го зачуваме достоинството, почитувањето и заштитата на луѓето кои работат преку овие платформи, изјави еврокомесарот за социјални права, Николас Шмит.

Advertisement

Извршната потретседателка на Европската Комисија, Маргарет Вестагер, задолжена за дигитална транзиција, истакна дека мора да се внимава онлајн трансформацијата на пазарот на трудот да ги почитува европските вредности, а новите облици на работа да останат праведни и одржливи.

Запрашани дали тоа значи дека ќе им се даде посебен социјален статус на дигиталните работници, како што бараат синдикатите, еврокомесарите одбија да одговорат “за да не се прејудицира“ исходот на консултациите.

Advertisement