Европа загубила трилион долари поради енергетската криза

„Енергетскиот пазар нема да се стабилизира до 2026“

Американската компанија „Блумберг“ денеска објави сопствена пресметка, според која Европа изгубила околу еден трилион долари од почетокот на руската интервенција во Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите.

Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент, бидејќи и онака високите цени ќе продолжат да растат и во наредните години.

Според „Блумберг“, стабилизацијата на енергетскиот пазар во Европа нема да се случи пред 2026 година, кога се очекуваат нови испораки од САД и Катар.