Синдикат

Европската и Светската Конфедерација со силна поддршка до КСС да истрае во борбата за социјална правда

Европската и Светската Конфедерација со силна поддршка до КСС да истрае во борбата за социјална правда - Работник
503views

Европската и Светската Конфедерација на синдикати го осудија мешањето на Владата на Северна Македонија во внатрешните работи на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и целосно го поддржуваат протестот со кој се повикува на почитување на законите, колективните договори и меѓународните трудови стандарди кои ги има ратификувано Македонија. Особено, Конвенциите 87 и 98 од Меѓународната Организација на труд, како и Европската Социјална Повелба.

Тие сметаат дека неприфатливо е владата – истата влада која искажува посветеност на вредностите на Европската Унија, да врши притисоци на членовите на синдикатите во јавниот сектор, да ги принудуваат да ги напушат синдикатите и да ги отпушта и деградира лидерите и активистите на синдикатите.

Истакнаа дека ги поддржуваат приговорите на КСС упатени до релевантните меѓународни институции, особено МОТ, Советот на Европа и Европска Унија, доколку не запрат нападите врз слободата на асоцијацијата и доколку не се почитуваат меѓународните обврски од страна на Владата.