ПравдаСветСиндикат

Европската конфедерација на синдикати бара од Европскиот совет започнување на пристапни преговори со Македонија и Албанија

Европската конфедерација - Работник
214views

Европската конфедерација на синдикати (ЕТУK) и Пан-европскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ПЕРK) го повикуваат Европскиот совет да го одобри започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија – исправајќи ja погрешната одлука што е направена во октомври 2019 година.

„Во интерес на ЕУ е Република Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување кон ЕУ“, изјави генералниот секретар на ЕТУК и ПЕРК, Лука Висентини. „Европската комисија вели дека и двете држави ги исполнуваат условите за започнување на процесот. Отворањето на преговорите може да ги натера двете држави подобро да се справат со предизвиците со кои се соочуваат, особено во однос на обезбедување на пристојна работа, почитување на законот, корупција, ниски плати и високи нивоа на неформална работа.

„Апелираме лидерите на Европската унија да направат вистинска работа и да започнат преговори за членство. Исто така, ги повикуваме да се уверат дека фокусот не е само на единствениот пазар на ЕУ, туку и на човековите, социјалните и работничките права и дека синдикатите се составен дел на тој процес.

„Го повторуваме нашиот повик до Европската комисија да ја подобри неодамна реформираната политика за проширување на ЕУ, со тоа што ќе се обрне поголемо внимание да им се помогне на овие земји да се придвижат кон целосна имплементација на Европскиот столб за социјални права и целите за одржлив развој на Агендата на ООН 2030 и со обезбедување на целосно вклучување на синдикатите преку социјалниот дијалог.

„Ги повикуваме лидерите на Македонија и Албанија да ги почитуваат основните човекови и работнички права во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот социјален модел, а особено да ја почитуваат непобитната улога на синдикатите и работодавачите во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества “.