- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Европската Федерација на новинари го осудила отпуштањето на новинарите од хрватски локален медиум

Европската Федерација - Работник
149views

Европската Федерација на новинари (ЕФН) објавила дека му се придружува на Хрватското новинарско здружение и Синдикатот на новинари на Хрватска во осудата на одлуката на Гласот на Истра да отпушти новинари кои „отворено ја критикувале субјективна уредувачка политика на овој весник“.

Здружението и синдикатот претходно одлуката на управата на весникот да отпушти новинари ја оцениле како „скандалозна и срамотна“, а Федерацијата во своето соопштение пренесува дека тројцата новинари кои добиле откази, Зоран Ангелески, Данијела Башиќ – Палковиќ и Борка Петровиќ, го обвиниле на крајот на мај главниот уредник на дневниот весник Роберт Франк дека се обидува да влијае на известувањето за локалната изборна кампања, за да профитира доминантната регионална партија – ИДС.

Потсетиле дека главниот уредник Роберт Франк ги отфрлил тврдењата дека неговата редакција ја фаворизирала ИДС.

Четвртата новинарска која ја потпишала осудата за пристрасност не била отпуштена, бидејќи била заштитена со законот за породилно отсуство.

Новинарката Данијела Башиќ – Палковиќ изјавила дека била известена дека причината за нејзината замена била „нејзината политичка активност и набљудувањето на одредени политички собири“, по што таа ги отфрлила обвиненијата.

Новинарите нагласиле дека пред јавната објава ја контактирале управата на весникот и побарале состанок за проблемот. Новинарот Зоран Ангелески предупредил на чести состаноци на главниот уредник на Гласот на Истра и лидерот на ИДС, во очи на изборите.

Во соопштението од ЕФН наведуваат дека во текот на неодамнешната прес – конференција на Здружението на новинари во Загреб, претседателот Хрвоје Зовко рекол: „Ова не е проблем само на нашата новинарска професија, ова е првокласен политички проблем кој се случува во Хрватска, а Истра не е толку отворена регија колку што некои се фалат дека е, кога е новинарството во прашање“.

ЕФН ги пренесува наводите на Зовко дека Здружението и Синдикатот на новинари ги поддржуваат новинарите на Гласот на Истра и дека за таа „одмазда без преседан“ ќе ги информираат сите домашни и странски институции.

Во саботата неколку стотини поддржувачи на новинарите протестирале во Пула, во знак на поддршка на отпуштените новинари.

Синдикатот на новинарите и Здружението на социјалните мрежи започнале кампања под слоганот „Поддржете ги новинарите на Гласот на Истра“ во која другите новинари и јавни личности од целата земја искажале поддршка по пат на видео или пишани пораки.

„Здружението и Синдикатот испратија писмо до управата на Гласот на Истра со барање да ги повлече отказите, бидејќи новинарите не направиле ниту една повреда на работните задачи. Поточно, новинарите ги контактирале своите надредени пред да дадат јавна изјава и не нанеле штета на работодавачот изнесувајќи ги своите мислења“, се наведува во соопштението на Европската Федерација на новинари кое го пренело Здружението.

Се додава дека според зборовите на Маја Север, претседателка на Синдикатот на новинари дека овој случај покажува колку прописите во локалните медиуми не се почитуваат. Го повторуваме барање законски да се смени системот на финансирање на локалните медиуми за да се осигура нивната независност од локалните политичари, навела Север, а изјавата во своето соопштение ја пренесува ЕФН.

Извор: N1