- Advertisement -
НовостиСветСветот на работникотСиндикат

Европска директива за заштита на фриленсерите

410views

Европската Конфедерација на синдикати (ЕТУК) ја поддржала предлог директивата на Европската комисија која треба да обезбеди почитување на работничките и социјалните права на милиони луѓе анагажирани на дигиталните платформи, наведува порталот Незавизност.орг. 

Доставувачите, таксистите и онлајн работниците се меѓу милионите работници кои би можеле да имаат корист од сигурни договори, минимални плати и платен одмор доколку се прифатат предлозите на Европската комисија со кои треба да се заврши лажното самовработување на просторите на Европската унија, оценил ЕТУК, најголемиот синдикат на „стариот континент“. 

Дигиталните платформи се развиваат многу брзо – според податоците на Европската комисија, во периодот од 2016 до 2020 година, нивните приходи пораснале за речиси пет пати и се зголемиле од 3 милијарди на околу 14 милијарди долари, наведува Независност. 

Денес дигиталните платформи работно ангажираат повеќе од 28 милиони луѓе, додека до 2025, нивниот број ќе порасне на 43 милиони. Поголемиот дел од тие луѓе се навистина самовработени, но се проценува дека најмалку 5,5 милиони неточно се класификувани како самовработени иако немаат адекватни работнички права и соодветна социјална заштита. 

Правни дупки за максимален профит

„Досега т.н. платфромски компании ги користеле правните дупки за да го максимализираат својот профит, така што сите работници ги категоризирале како самовработени. Поединечни работници и нивните синдикати морале да ги тужат компаниите за да на суд го докажат статусот на вработените, но тоа не ги сопрело платформите да им ги ускратуваат основните законски правила на своите работници“, наведува Независност. 

Европската комисија предложила директива со сет на мерки кои би ги подобриле условите за работа и поддршка на одржливиот раст на дигиталните платформи во земјите членки. ЕТУК оценил дека новата директива на ЕУ конечно би требало на работниците да им пружи правна сигурност во поглед на нивниот работнички статус, да го одреди минималецот, платениот одмор и боледувањето и да го сигнализира крајот на бесплатната работа, независно од големината и потеклото на компанијата, односно дали стануза збор за американскиот дигитален гигант Амазон, германската групација Деливери или кинескиот технолошки гигант Алибаба. 

Директивата за подобрување на условите за работа на платформите има за цел да обезбеди на луѓето преку дигиталните платформи да им се додели статус на легално вработување кој одговара на нивниот вистински работен ангажман. 

Листа на контролни критериуми

Директивата содржи листа на контролни критериуми за да се утврди дали некоја дигитална платформа е „работодавач“. 

Луѓето кои работат преку таквите платформи би ги уживале работничките и социјалните права кои му припаѓаат на статусот работник.

За оние кои се преквалификувани во работници, тоа значи право на минимална плата, како и право на колективно преговарање, работно време, здравствена заштита, право на платено отсуство, заштита од несреќи при работа и невработеност, надоместоци за боледување и старосни пензии. Платформите во својство на работодавачи ќе имаат право да го оспоруваат или побиваат статусот работник, со тоа што на нив ќе биде товарот за докажување дека работниот однос не постои. 

Извршната претседателка за Европа за дигитална ера, Маргарет Вестагер оценила дека новата директива значајно ќе ја унапреди положбата на работниците на дигиталните платформи. 

„Има се повеќе работни места кои ги отвораат дигиталните платформи, затоа мораме да обезбедиме пристојни услови за работа за сите луѓе кои приходите ги остваруваат преку таква работа. Нашата предлог Директива ќе им помогне на лажните самовработени лица кои работат за платформите правилно да го утврдат својот работен статус и да ги уживаат сите социјални права кои со тоа доаѓаат. Вистинските самовработени на платформите ќе бидат заштитени преку подобрена правна сигурност во поглед на нивниот статус и ќе постојат нови мерки мерки за заштита од замките на алгоритамското управување. Ова е важен чекор кон општество одговорно на дигиталната економија“, изјавила извршната претседателка на ЕК за дигитална ера Маргарет Вестагер. 

Извршниот потпреседател за економија на ЕУ Валдис Домбровскис укажал на тоа дека дигиталните платформи имаат се‘ поважна улога во современата економија бидејќи носат иновации, обезбедуваат работни места и ја дополнуваат понудата на потрошувачите. Додал дека се „во срцето на луѓето кои имаат право на пристојни услови за работа и социјална заштита“. 

Како што наведува порталот Независност.орг, претстои период во кој Советот на ЕУ и Европскиот парламент треба да се изјаснат за Директивата за подобрување на условите за работа во дигиталните платформи, а по нејзиното усвојување земјите членки ќе имаат рок од две години, истата да ја вметнат во своите национални законодавства. 

Извор: N1.info