- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Европска кампања за сузбивање на непријавената работа

Европска кампања - Работник
360views

Непријавената работа ги става работници во мноштво на ризици. Ја поткопува фер конкуренцијата и ги потценува јавните финансии, социјалната заштита и пошироката социјална кохезија, истакнаа од Европската Агенција за безбедност и здравје при работа на нивната веб страна.

Тие посочија дека првата Европска кампања, EU4FairWork ќе биде објавена од страна на Европската комисија во март за да ја укине непријавената работа и факторите коишто ја предизвикуваат. Кампањата има за цел да придонесе за бихевиорална промена низ Европа преку позотивни пораки за бенефитите од пријавената работа.

Advertisement

Според Агенција, секторите во кои е најмногу застапена непријавената работа се: градежништвото, агрикултурата, патниот сообраќај, туризмот и така натаму.

Во знак на поддршка, во 2016 година била воспоставена Европската платформа за сузбивање на непријавената работа, со цел да ја зголеми соработката помеѓу земјите членки на Европската унија

Advertisement
Advertisement

Advertisement