ЕкономијаСвет

Европскиот Парламент со план сите европски држави да добијат помош за своите здравствени системи

166views

Европскиот парламент предложи нов план за помош на болниците во Европа во борбата против корона вирусот.

Претседателот на ЕП, Давид Сасоли изјави дека сите европски држави ќе добијат помош за своите здравствени системи.

Тоа вклучува обезбедување материјали за болниците и финансирање на истражувањата со цел да се развие вакцина против Ковид-19 колку е можно побрзо.

Сасоли најави и финансиска помош за одржување на работните места и стабилноста на економиите во државите. За економските прашања, ЕУ обезбеди најмалку 37 милијарди евра за своите членки.

Извор: Лидер