ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Европските синдикати бараат од ЕУ во предвид да ги земе безбедноста и здравјето при работа во попуштањето на мерките за Ковид – 19

Европски синдикати - Работник
187views

Европската Конфедерација на синдикати  – ЕТУК го цени напорот на Европската комисија за предлагањето на Патоказ за кревањето на мерките за Ковид – 19, но ја критикува поради тоа што не успеала да ги запази основните принципи и одбивањето за признавање на практичноста за враќање на работа и недоволното споменување на безбедноста и здрајвето при работа или потребата да се применат мерки на претпазливост.

ЕТУК бара од комисијата да започнне итна и правилна консултација со синдикатите и работодавачите за да се дефинира целосната имплементација на Комуникацијата.

„Се согласуваме дека потребно е координирано и планирано попуштање на рестрикциите ширум ЕУ, водени од страна на јавните и професионалните здравствени совети. Во исто време сме загрижени поради тоа што комисијата изгледа не ги зема во предвид практичните проблеми, како безбедноста и здравјето при работа, како дел од кревањето на мерките за вирусот“, вели генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини.

Според него, Патоказот треба да ги наведе потребите за националните и работните планови кои треба да бидат развиени заедно со синдикатите, за да се осигура безбедно враќање на работниците кои работат од дома на своите работни места и продолжена заштита, за оние коишто работат за време на кризата. Тој нагласува дека Патоказот треба да ги земе во предивид и оние коишто постојано работат од дома или пак работат во нечиј дом.