- Advertisement -
ПравдаСветСиндикат

Европските синдикати бараат од ЕУ да преземе мерки за спасување на мигрантите на грчката граница

Европските синдикати - Работник
179views

Европската Конфедерација на синдикати побара од Европската унија да ги спаси мигрантите од лошите услови на живеење и кршењето на човековите права на грчко – турската граница, како и да ги евакуира мигрантите од несанететските и пренатрупаните кампови на грчките острови за да се избегне катастрофално ширење на корона вирусот.

Во писмото испратено до Претседателите на трите главни институции на Европската унија – Урсула вон дер Лајен, Чарлс Мишел и Дејвид Сасоли – генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини побара од Европската комисија да поднесе предог до Советот за заштита на мигрантите на грчката граница во којашто свој придонес ќе дадат сите земји членки и изразил жалење што најновите одлуки на ЕУ одат во спротивна насока.

Advertisement

Тој во писмото бара и „итна евакуација на мигрантите на грчките острови на погодни и безбедни места за живеење“. На грчките острови, во пренатрупаните кампови има 42,000 мигранти. Во некои делови од Мориа кампот во Лесвос има само една чешма за вода на 1,300 луѓе, а сапун воопшто нема, додека пак петчлените и шестчлените семејства спијат во простор од околу три квадратни метри.

Во писмото понатаму се вели “Грција има потреба од поддршка од страна на ЕУ и сите Европски партнери“ и дека „сите ресурси кои се алоцирани за справување со кризата треба да се употребат за директен бенифит на иселените луѓе, како и за достоинството за луѓето кои се во бегалските кампови.

Advertisement

ЕТУК го гледа новото лансирање на операцијата ИРИНИ во Медитеранот како продлжеток на загрижувачкиот тренд каде надгледувањето, безбедноста и граничните контроли се приоритет, наместо спасувањето на животите на оние кои бараат азил.

Во писмото се бара од ЕУ да го „овозможи правото за барање на азил во Грција, како и осигирување за тоа дека сите земји членки на ЕУ се држат до меѓународните обврски“.

„Условите за мигрантите во грчките кампови се веќе лоши, а со корона вирусот тие станаа уште поопасни и неприфатливи“, рече генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини.

„Додека луѓето низ Европа социјално се дистанцираат, условите во бегалските камови во Грција се невозможни. Постои голем ризик за избивање на катастрофа поради корона вирусот. ЕУ треба да покаже солидарност со човечките животи, а грчките власти треба да ги заштита мигрантите од корона вирусот“, предупреди Висентини.

 

Advertisement