ПравдаСветСиндикат

Европските синдикати да покренат протести против климатските промени за време на самитот на ОН, бара ЕТУК

Европските синдикати да покренат протести - Работник
27views

Европската Конфедерација на синдикати –ЕТУК ќе учествува во глобалната климатска акциска недела за да ги притисне светските лидери да најдат решенија за влошената климатска криза, како и ги повикува националните синдикати да преземат свои акции низ Европа, објавија од ЕТУК на нивната веб страна.

Демонстрациите ќе се одвиваат насекаде низ светот, во периодот помеѓу 20 и 27 за да се поклопат со климатскиот самит во Њујорк на Обединетите Нации каде што лидерите на Владите мораат да преземат конкретни мерки за да ги исполнат ветувањата од Парискиот договор, истакнаа од ЕТУК.

Според нив тоа вклучува посветеност на „само транзиција“ – да се премине на карбонско – неутрална економија на начин кој е фер кон луѓето кои работат во индустриите од кои ќе се побара да се променат.

Од ЕТУК објаснија дека нивните лидери активно ќе учествуваат во мобилизацијата која ќе се одвива во Брисел на 20 септември за да се изврши притисок за транзиција кон зелена иднина. Овој протест следува после оној во март кој беше организиран од страна на младинската секција на ЕТУК.

ЕТУК им испратила писма на сите нејзини 90 национални подружници, барајќи од нив да преземат понатамошни акции за да сопре климатската криза во нивните држави. Многу од синдикатите на континентот се вклучиле во акцијата.

Генералниот Секретар на ЕТУК, Лука Висентини кој ќе се приклучи на протестот во Брисел, рече:

„Нема работа на мртва планета, поради што синдикатите ќе се мобилизираат за климатска акција и само транзиција заедно со активисти како Грета Тунберг, за да осигураат дека светските лидери ќе ги исполнат ветувањата од Парискиот климатски договор“.

„Климатските промени и само транзицијата мора да бидат најприоритетните прашања на новото раководство на Европската Унија. Ние сакаме да видиме напредок кон остварувањето на нула емисиони гасови до 2050 година преку Новиот Зелен договор ветен од страна на Урсула Вон Дер Лејен“.

Конфедералниот Секретар на ЕТУК задолжен за климатските промени, Лудовик Воет, рече:

„Работниците и нивните семејства ќе бидат најтешко погодени од климатските промени и поради тоа на нашиот последен конгрес ова беше приоритетно прашање“.

„Акцијата стана уште повеќе важна поради огромните пожари во Амазон и Сибир, Ураганот Дориан, топењето на глечерите на Гренланд, смртоносни монсуни во Индија и топлотни бранови низ Европа“.