ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Европските синдикати од јавен сектор изразија солидарност на тројцата загинати пожарникари

Европските синдикати од јавен - Работник
14views

Извршниот комитет на Европската Федерација на синдикати од јавен сектор изрази длабоко сочувство за тројцата пожарникари кои ги изгубија животите вечерта на 5 ноември во експлозија во провинцијата Алесандриа во Италија, а на повредените пожарникари им посакаа брзо оздравување.

ЕПСУ низ годините постојано алудираше на лошите работни услови и несоодветните плати на работниците кои се грижат за безбедноста и ги спасуваат животите на луѓето. Од таму порачаа дека како и секогаш тие се заедно со нив во борбата за пристојни работни услови и за унапредување на безбедноста за работниците.

На 12 декември, пожарникарската бригада на ЕПСУ ќе се сретне во Рим и ќе ја искористи таа прилика да дискутира околу тоа како да се унапредат барањата за пристојни работни услови и поголема безбедност за пожарникарите.