ПравдаСветСиндикат

Европските синдикати ја осудуваат заканата за инвазија од страна Турција и бараат од ЕУ да го прекине миграцискиот договор

Европските синдикати ја осудуваат заканата - Работник
28views

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК бара од Европската Унија да преземе најсилно дејствие за да ја превенира турската инвазија на Сирија и веднаш да го прекине договорот за миграција со Турција.

ЕТУК ќе ги претстави на високиот претставникот на ЕУ за надворешна политика нејзините грижи за тоа дека инвазијата би ја ставила под ризик победата над ИСИС и ќе предизвика голема хуманитарна грижа.

Генералниот Секретар на ЕТУК, Лука Висентини, рече:

„Бараме од Европските лидери да направат се што е во нивната моќ за да ја сопрат Турската инвазија во северна Сирија, за која сме длабоко загрижена дека би довела до големо страдање на Курдското општество и другите малцинства и понатаму ќе го дестабилизира регионот“, рече Висентини.

„Овој тотално бесмислен напад ќе ја врати Сирија назад на почетокот, во време кога светските лидери треба да се соберат заедно за да воспостават политичка транзиција кон мир и демократија која ќе им дозволи на милионите иселени Сиријци самоволно да се вратат без страв и понатамошно насилство“, истакна Висентини.

Според него, планот на турската Влада да ги натера сириските бегалци во апсурдно – наречената „безбедна зона“ докажува дека е комплетно неодговорно од страна на ЕУ да ги депортира луѓето во Турција под никакви услови. Вели дека треба да се заврши срамниот миграциски договор помеѓу ЕУ и Турција.