Економија

Евростат: Најскапи држави во Европа – Македонија е на 36 место

Евростат: Најскапи држави во Европа - Работник
612views

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека најскапа држава во Европа е Исланд. Во таа земја, минатата година цените биле за 56 отсто повисоки од просекот во Европа. Според тоа, чаша вино чини 10 евра, една пица чини 17 евра, а пиво чини околу седум евра. Вечера за двајца чини 85 евра, шише вино во продавница изнесува 17 евра, а пакет јајца чини пет евра. Во главниот град Рејкјавик помал стан чини околу 1,300 евра месечно. Сепак, просечната бруто плата во Исланд е 4,500 евра.

Швајцарија е на второ место, а трета е Норвешка.

Од земјите од Западен Балкан, Словенија е на 16 место, Грција е на 20 место, Хрватска е на 26, Црна Гора е 30, Србија е 31, Албанија е 32, БиХ 34, Бугарија е 35, а Македонија е на 36 место.