ЕкономијаСветСветот на работникот

Евростат: Стапката на невработени во еврозната во август изнесува 8,1 %

Еврозоната со најголем економски пад - Работник
65views

Стапката на невработеност во еврозоната продолжи да расте во август, петти месец по ред, достигнувајќи ниво од 8,1 процент според сезонски прилагодените податоци, објави денеска Заводот за статистика на ЕУ, Евростат.

Истиот тренд е забележан во 27-члената Европска унија, каде невработеноста се зголеми на 7,4 проценти во август.

Според европските статистичари, 15,60 милиони мажи и жени биле без работа во ЕУ во август, од кои 13,18 милиони се невработени во еврозоната.

Во споредба со јули 2020 година, бројот на невработени во Унијата се зголеми за 238 илјади во август, а во еврозоната за 251 илјада лица.