Правда

Египет: Масовен штрајк со глад во затворот Ал Аксаб поради забрана на семејни посети и лоши услови

Египет: Масовен штрајк со глад во затворот Ал Аксаб поради забрана на семејни посети и лоши услови-Работник
203views

Египетските власти мораат веднаш да стават крај на суровите и нехумани услови за притвор и да дозволат редовни семејни посети во затворот во Ал-Аксаб во Тора каде што приближно 130 уапсени излегоа на масовен штрајк со глад повеќе од шест недели, известува Амнести Интернешнл. Многумина од оние што штрајкуваат биле уапсени пред повеќе од две години и не им била дозволена ниту една посета од нивните семејства или адвокати.

Како одговор на штрајкот со глад, кој започна на 17 јуни, властите се одмаздија против притворените со тоа што ги тепаа, применуваа електрични удари и казнија дел од нив со дисциплински мерки, во обид да ги присилат да го прекинат штрајкот, се вели во соопштението издадено од притвореници од затворот. На најмалку десет штрајкувачи со глад им беа врзани очите и беа пренесени во специјални ќелии на кои не им е дозволено да ги напуштат воопшто- се вели во соопштението.

„Одбивајќи да им дозволат на притворениците да ги видат своите семејства, египетските власти бесмислено ги нарушуваат египетското и меѓународното право и покажуваат суровост. Наместо да ги продолжат измачувањата, египетските власти треба веднаш да ја прекинат оваа практика и да дозволат посети на семејствата на затворениците во Ал Акраб “.-изјавија од Амнести Интернешанал.