Еден од најдобрите градови за живот за странци: Просечна плата 4,200 евра, 85 % задоволни

Глобално, луѓето се согласни дека најдобар американска град за живеење и работа е Мајами, Флорида. За многумина, тој е можеби најдобриот град на светот.

Официјално, оваа топ дестинација во Јужна Флорида го зазема 12-тото место на листата на 50 глобални градови кои се најдобри за доселениците од странство, според истражувањето на InterNations, спроведено на повеќе од 12,000 испитаници.

Инаку, InterNations е релевантна онлајн заедница на иселениците, со повеќе од 4,5 милиони глобални членови.

Зад Мајами не заостанува многу ниту Њујорк кој е на 16-то место. Инаки, ова се единствените градови во САД земени во предвид за ова рангирање, а тоа бара примерок од најмалку 50 учесници на анкетата кои живеат на дадената дестинација.

Истражувањето, спроведено во февруари 2022 година и објавено крајот на ноември оваа година, барало од иселениците, односно доселениците да го оценат своето задоволство во пет главни категории:

  • квалитет на живот (здраво опкружување и добар јавен превоз
  • леснотија за прилагодување (љубезноста кај локалните жители)
  • лични финансии (пристап до здравствена заштита)
  • „основи за странци“ кои го покривааат дигиталниот свет, јазичните бариери и работата со локалната управа и администрација.

Оние кои дошле во овој американски град со намера да работата, велат дека е многу лесно прилагодувањето на локалната култура, а и лесен е пристапот до интернет во домовите. Плаќаат дигитално, без потреба од подигнување на готовина иако имаат сметки во банките.

Инаку, просечната плата во Мајами, на годишно ниво, изнесува 53,662 долари или околу 50,763 евра. На месечно ниво, тоа значи заработка од 4,471 долар или 4,235 евра.

Исто така, Мајами станало големо „жариште“ и за Американците: одреден дел од технолошките и финансиските компании се преселиле таму во текот на пандемијата, бидејќи биле привлечени од топлото време и даночните олеснувања. Луѓето исто така, во текот на периодот на корона кризата го менувале големите градови како Њујорк и Лос Анџелес за Мајами, каде приливот на нови жители го стимулирал пазарот со недвижности и го направил поскап за живот.

remote work

Фото: shutterstock.com

Оценето е дека доселениците уживаат во големите можности за кариера и креативна деловна заедница, а отприлика едно од четири лица се незадоволни од своето работно време. Исто тка, има и луѓе кои не се задоволни со јавниот превоз во Мајами, кои исто така се жалат и на недостапната, ако не и потполно недостапната здравствена заштита.

Кога станува збор за Њујорк, доселениците велат дека Големото Јаболко е одлично за нивните кариери, а поголемиот број велат дека се задоволни од локалниот пазар на труд и шансите за напредување, добриот јавен превоз и пристапниот дигитален живот. Сепак, најголем недостаток таму се личните финансии. 58 % од анкетираните кои живеат таму се незадоволни од трошоците за живот, во споредба со 35 % од луѓето кои се чувствуваат така ширум светот.

Се на се, Мајами и Њујорк се истакнуваат како одлични опции за поминување на слободното време, перспективна кариера, култура… Огромен број, дури 85 % од иселениците кои живеат во Мајами се задоволни од својот живот воопшто.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock