- Advertisement -
МагазинНовости

Единствена добра вест од Хрватска – НЕМА НОВИ ЖРТВИ!

Единствена добра вест од Хрватска - Работник
322views

Пред жителите на подрачјата погодени од земјотрес во Хрватска, Петриње, Сисак, Глина и околните подрачја, е уште една ноќ полна со неизвесност, со оглед на тоа дека земјата непрестајно тресе, нема струја, а водата, таму каде што ја има е неупотреблива за пиење. 

Хрватската Влада отворила сметка за обнова и за три жупании и од буџетот издвоила 16 милиони евра. 

На загрозените во овие моменти им е потребено сместување, бидејќи во своите домови не смеат, а не сакаат да ги напуштат. 

Разореното подрачје и денеска го посетиле претставници на државниот врв, политичари, како и европскиот доверител за кризни ситуации кој порачал дека „Хрватска не е сама“. 

Во текот на ноќта 1,000 луѓе трагале по рушевните, а потрагата за евентуално затрупаните е продолжена и денеска. 

На терен се наоѓаат 150 војници, додека 350 се на чекање. 

Градовите ширум Хрватска ги откажуваат новогодишните програми и испраќаат помош на настраданите во земјотресот. Помошта стигнува од Словенија, Србија помага парично, а парична помош најавила и УРА на Дритан Абазовиќ. 

Многумина хотелиери и приватни изнајмувачи им нудат смештај на настраданите во разорниот земјотерс, но најголемиот број на жители не сакаат да ги напуштат своите домови, па минатата ноќ, а најверојатно и оваа ќе ја поминат на улица и во своите автомобили. 

Портпароклата на Црвениот Крст Катерина Зориќ претходно денеска рекла дека помошта во храна, средства за хигиена, пелени и останати потребни намирници постојано пристигнува, има доволно и засега ништо не недостасува. 

Истовремено, градските власти во Петриње, Глина и Сиска аплираат до Влада дека немаат механизација и дека им се потребни статичари. 

Медиумите од загрозените подрачја известуваат дека многу камиони и багери стојат бидејќи никој не ги распоредува на работа, а некои се распоредени, пишува загребскиот Јутарњи лист. 

Земјотресот срамнил до земја пет училишта, а новите земјотреси, од кои вчерашните биле околи и преку четири степени, прават нови оштетувања на веќе оштетените објекти. 

Петриње, Сисак и Глина, навечер изгледаат како да се опседанти со духови – доминриаат рушевините и е целосна тишина. 

Полицијата води сметка за јавниот ред и мир, а досега не е забележана ниедна кражба на терен.