Наука

Единствено Земјата ќе има придобивка од Корона вирусот, но научниците предупредуваат

Единствено Земјата - Работник
1Kviews

Фабриките биле затворени, а улиците испразнети ширум кинеската провинција Хубеи откако властите им наредиле на жителите да останат во домовите за да се запре ширењето на корона вирусот. Се чини дека оваа блокада имала и една ненамерна корист – синото небо. Просечниот број на „денови со квалитетен воздух“ се зголемил за 21,5 отсто во февруари, во однос на истиот период минатата година, пренесува Си – Ен – Ен, повикувајќи се на податоците на Кинеското министерство за екологија и околина.

А, Хубеи не е единствената локација. Сателитските снимки на НАСА и Европската вселенска агенција покажуваат драстично намалување на емисиите на јаглерод диоксид кој го испуштаат возилата, електраните и индустриските погони во големите кинески градови во јануари и февруари. Видлвиот облак од токсичен плин кој висел над индустриските подрачја, речиси исчезнал.

„Ова е првпат да видам ваков драматичен пад во широкото подрачје поради одрдени настани. Не сум изненаден, бидејќи многу кинески градови презеле мерки против ширењето на вирусот“, рекол за Си – Ен – Ен, Феи Лиу, истражувач на квалитетот на воздухот во Goddard Space Flight Centeru во НАСА.

Слична шема се појавила и со јаглеродниот диоксид кој се ослободува со согорување на фосилните горива како што е јагленот. Од 3 февруари до 1 март, емисијата на јаглеродниот диосид паднала за најмалку 25 проценти поради мерките за сузбивање на корона вирусот, објавил Центарот за истажување на енергијата и чистиот воздух (ЦРЕА), организација која се бави со загадениот воздух.

Најголемиот светски загадувач Кина придонесува со 30 проценти во вкупната глобална емисија на јаглероден диоксид на годишно ниво, па прочистениот воздух е како ефект на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, дури и во толку краток период. ЦРЕА проценува дека намалувањето одговара на 200 милиони тони јаглероден диоксид, односно повеќе од половина од годишните емисии на Велика Британија, пишува Си – Ен – Ен.

„Како мерка која ефикасно се случила преки ноќ, ова е подраматично од што и да е друго што сум видела во смисла на влијание по емисиите“, рекла Лори Мајлајвирта, водечка аналитичарка на ЦРЕА.

Иако мерките се измислени за да се запре ширењето на корона вирусот, во Кина го намалуваат и нивото на загаденост. Експертите предупредуваат дека загадувањето ќе биде уште поизразено кога Кина повторно ќе ја покрене својата економија.