ЗанимливостиСветот на работникот

Една причина поради која добрите работници даваат отказ: Не е платата

Една причина поради - Работник
165views

Во повеќето случаи кога вработениот има желба да си оди за подобро платена работа, тоа не е вистина.

Постојат многу причини за отказ: пари, работното време, локацијата, недостатокот на интерес…

За Алисон МекМахон, експерт за човечки ресурси и директор на компанијата TwoFold, најголемата причина зошто вработените се откажуваат е затоа што се уморни од работа за лоши шефови.

Според неа, луѓето се подготвени да преминат преку одредени негативни страни на работното место се додека уживаат во тоа за кого работат.

Во девет од десет случаи, кога еден вработен вели дека си заминува поради подобро платена работа, тоа едноставно не е вистина. Вистината е премногу сурова и на голем дел од вработените им е неудобно да ја кажат, вели МекМахон.

На луѓето им треба лидер, а лошиот шеф е многу веројатно да е и лош водач. МекМахон нуди неколку предлози за оние кои сакаат да ги подобрат своите лидерски вештини, иако се чини дека овие работи се повеќе вродени квалитети, отколку нешто што може да се стекне.

Таа вели дека добриот шеф треба навистина да се грижи за своите луѓе.

МекМахон истакнува дека проблем на голем број организации е тоа што вработените со добри технички способности и без никакви лидерски вештини се поставуваат на раководни позиции.

Нејзината препорака е компаниите да внимаваат на процесот на промовирање и да обезбедат правилна транзиција на секој вработен.