
Невработеноста во Јужна Африка достигна 32,5 отсто од работната сила во периодот помеѓу октомври и декември 2020 година, соопшти Националната агенција за статистика.
„Бројот на невработени е зголемен од 701.000 на 7,2 милиони во споредба со третиот квартал на 2020 година“, се наведува во соопштението на „Статс СА“ и се додава дека официјалната стапка на невработеност од 1,7 е зголемена на 32,5 проценти.
Јужна Африка, најиндустријализираната економија на континентот, веќе беше во рецесија кога минатиот март се појави пандемијата на коронавирус. Поради постојаните ограничувања за спречување на вирусот, згаснаа десетици илјади работни места.
Стапката на невработеност од 32,5 проценти е највисока досега забележана во кварталното истражување на работната сила во Јужна Африка, надминувајќи го претходниот рекорд од 30,8 проценти во третиот квартал од минатата година.