ПравдаСветСиндикат

ЕИ ги осуди заканите против образовните синдикати во Колумбија

ЕИ ги осуди заканите против образовните синдикати во Колумбија - Работник
33views

Членките на Меѓународната Федерација на синдикато од образование – ЕИ, ФЕКОДЕ и АСПУ во Колумбија биле цел на парамилитантни закани. Едукаторите низ светот побарале од Владата на Колумбија да ја врши својата должност: да осигура безбедност за едукаторите и да ги заштити училиштата како територии на мир, истакнаа од ЕИ.

На 3-ти септември, извршниот комитет на ФЕКОДЕ доби памфлети со смртни закани од страна на парамилитантната група – Црните Орли. Заканите биле директно упатени кон Нелсон Аларкон, Претседателот на ФЕКОДЕ; Марта Алфонсо, Втор потпретседател; Доминго Ајала, Благајник; Мариа Еугениа Лондоно, Секретар за родови, инклузија и еднаквост; Карлос Ривас, Секретар за парни и трудови работи и Изабел Олаја, Секретар за организирање и синдикално образование. Во истиот ден, слични закани добиле и во гранковиот синдикат на ФЕКОДЕ, во регионот Каука.

Во памфлетите се барало ФЕКОДЕ да го откаже претстојниот Караван на мирот, Демократија и живот закажан за 6-8 септември. Заканите доаѓаат и по серијата на штрајкови организирани од страна на ФЕКОДЕ и барањето за подобро здравствено осигурување и подобри услуги за просветните работници во Колумбија, импелментација на договорот за мир од 2016 година и подобра заштита за социјалните активсти кои биле жртви на насилство од кога е потпишан договорот.

Повеќе од 1,000 просветни работници и синдикалци биле убиени во Колумбија во последните 25 години. Насилството ескалирало во 2018 година кога најмалку 13 просветни работници и синдикалци биле убиени. Ужасниот тренд продолжил и во 2019 година: на 700 просветни работници им биле упатувани закани, според Претседателот на ФЕКОДЕ, Нелсон Аларкон кои во скорешно време се застапени најмногу во август во регионот Каука.

ЕИ и нејзиниот Регионален Комитет од Латинска Америка изразиле голема загриженост за хроничниот недостаток на безбедност на просветните работници и синдикалците во Колумбија и поради тоа испрати писмо до Претседателот на Колумбија, Дуке, во кое бара Владата да ги штити училиштата како територии на мир и просветните работници како бранители на животот, демократијата и човечките права.

Генералниот Секретар на ЕИ, Дејвид Едвардс, рече: “Ние во голема мерка ги осудуваме заканите против ФЕКОДЕ и АСПУ. Комплетно е неприфатливо за просветните работници и синдикалците, луѓе кои одбиваат секакава форма на насилство, да им се закануваат со смрт. Ја повикуваме Владата на Колумбија да ја извшри својата должност: да ги истражи заканите, да осигура безбедност за просветните работници, да ги зашити училиштата како скрвници и територии на мир“.