
Економијата во Македонија забележа раст од 3,1 процент - Работник
247views
Раст на македонската економија од 3,1% во вториот квартал, објави државната статистика. Најголем пораст од 7,5% е забележан во трговијата на големо и мало, поправката на моторни возила, транспорт и складирање ,како и објектите за сместување. Финалната потрошувачка кај домаќинствата, која учествува со речиси 70% во структурата на БДП има пораст од 4,6%. Расте и извозот и увозот на стоки, како и бруто инвестициите. За власта – бројките се очекувани. Задоволни се што ги создава реалната економија, без никакви интервенции од државата.
Извор: Сител
Advertisement