- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

Ексклузивно: Нова рунда на преговори помеѓу СОНК и МОН

Ексклузивно: Нова рунда на преговори помеѓу СОНК и МОН - Работник
998views

Од неофицијални извори, Порталот Работник дознава дека денеска во Министерството за образование и наука ќе се одржи нова рунда на преговори помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука.

Да потсетиме, СОНК бара зголемување на платите на просветните работници за 25 проценти, до крајот на септември, во спротивно можно е да влезе во генерален штрајк, додека Министерот за образование и наука, Арбер Адеми за Слободен Печат изјави дека процентот за зголемување на платите и кога ќе почне да се имплементира зависи од разгледувањето на параметрите. Тој додаде дека им треба малку време, бидејќи се уште не почнале во Владата да дискутираат за буџетот за идната година, треба да ги направат проекциите и заедно да одлучат за идното зголемување на платите на наставниците.

Advertisement

Што се однесува на најавата за генерален штрајк на СОНК, доколку не се исполнат нивните барања и дали има волја да го одложат истиот додека не постигнат договор, Адеми за Слободен Печат рекол дека донесувањето на одлука една недела порано или една недела подоцна не треба да има никакви последици врз организирањето на образовниот процес.

Advertisement
Advertisement