ЕкономијаМакедонија

Експерти од Народна Банка: Се забрзува економскиот раст

Експерти од Народна Банка - Работник
202views

Постепено забрзување на економскиот раст од 3,1 отсто годинава, 3,3 следната и 3,6 отсто во 2021 година очекуваат економските аналитичари учесници во најновата анкета на Нарордната банка спроведена во јуни, годинава.

Испитаниците, како што стои во објавената Анкета,  ги поврзуваат ваквите очекувања со продолжување на поволните трендови од претходната и првиот квартал на оваа година, олабавувањето на монетарната политика, довербата и очекувањата на економските субјекти, владините мерки за поддршка на претпријатијата, очекуваната интеграција во НАТО и ЕУ, зголемувањето на инвестициската и извозната активност, инфраструктурните проекти најавени од државата, како и со растот на личната потрошувачка поврзан со растот на просечната плата, кредитирањето и пониската невработеност, извести 1ТВ.

Целосниот текст можете да го прочитате тука