Правда

Експертска сесија во рамките на проектот Модели на инклузивен менаџмент

Експертска сесија во рамките на проектот - Работник
327views
На 26.06.2019 во Дрезден, Германија се одржа работна експертска сесија во рамките на проектот Модели на инклузивен менаџмент во хемиската индустрија “Between red and teal”. Експерите од Македонија, Германија, Латвија, Литванија, Полска и Романија ги презентираа Извештаите за секоја земја за моделите на вклучување на работниците во процесот на одлучување.
Извештаите од земјите членки на Европската Унија, покажуваат добри практики на информирање, консултирање и вклучување на работниците во процесот на одлучување преку различни форми. Македонија како земја кандидат нема правна обврска за вклучување на работниците во процесот на одлучување.
За Македонија останува предизвик правно да ја регулира оваа обврска која произлегува од Директивите на Европската Унија.
Понатаму во рамките на проектот ќе биде одржана работилница на национално ниво на која подетално ќе бидат разработени моделите на инклузивен менаџмент согласно Директивите на ЕУ.
Извор: КСС