Екстремен притисок на вработените: Штрајк го одбележил најзафатениот ден во годината

Врботените во центрите за дистрибуција на компанијата Амазон во Германија стапиле во штрајк на Црн петок барајќи зголемување на платите.
Ова е еден од најзафатените и најважните денови за трговците во цела година.
Синдикатот „Верди“ соопштил дека штрајкот го започнал ноќеска во шест центри за дистрибуција ширум земјата и дека поединечните протести ќе траат до вторник, 3 декември, пренесува Klix.
Претставникот на синдикатот, Орхан Акман рекол дека работниците на Амазон сакаат да пренесат порака дека нивната работа не може да биде купена со екстремни попусти кои компанијата ги нуди во овој период од годината.
Акман го обвинил Амазон за вршење на „екстремен притисок“ на вработените, поради што некои имаат здравствени проблеми, пренесува АП.