Занимливости

Ели Голдинг: Почнав да пијам алкохол да за да им се допаднам на другите

Ели Голдинг: Почнав да пијам алкохол да за да им се допаднам на другите-Работник
63views

Изведувачката на хитот “Love Me Like You Do” повторно зборуваше за нејзината потреба од алкохол и зошто почнала да го конзумира. „Морав да бидам лажна личност за да се справам со нереалната ситуација во која се наоѓав“, изјави поп ѕвездата.

“Мислев дека нема да бидам доволно добра, паметна, смешна или доволно луда за да се дружам со некои луѓе доколку не се напијам алкохол“.

Минатата година, Ели Голдинг пееше на свадбениот прием на британската принцеза Јуџин и Џек Бруксбанк.

Во 2011 година, пејачката свиреше делови од нејзините парчиња музика на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Изведувачката неодамна призна дека нејзините изведби пред публиката од висок профил ја ставале во состојба на нервен слом, а истото го решавала со неколку чаши алкохол.