ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Емиграциските планови на Велика Британија не одговараат за Велс

Емиграциските планови - Работник
160views

Пост – Брегизит емиграциските планови нема да функционираат за Велс, рекле Велшката Влада, претставници на индустријата и синдикатите.

Тие заедно побарале од страна на Владата на Велика Британија да ги промени плановите.

Со овој план, нискоквалификуваните работници нема да добијат визи додека Владата на Британија бара од работодавачите да престанат да се потпираат на „евтината работна сила“ од Европа.

Владата на Велика Британија рекла дека системот ќе функционира за Велс и за целото Обединето Кралство.

Работниците од земјите на еврозоната имаат автоматско право да живеат и работат во Британија без разлика на висината на нивната плата и нивото на вештини.

Владата на Велика Британија рекла дека ова ќе заврши на 31 декември, кога ќе се стави крај на транзициониот период за излегување од Европската унија.

Владата на Велс не се согласува со плановите поради тоа што Владата на Велика Британија со плановите предвидува да само оние работници кои ќе имаат плата од 25 до 30 илјади фунти да можат да работат во државата. За Велс тоа е премногу. Тие бараат или да се намали границата на платите или пак да се укине целосно оваа мерка.