- Advertisement -
СветСиндикат

ЕПСУ: Македонија и Албанија веќе требаше да започнат преговори за влез во ЕУ

ЕПСУ: Македонија и Албанија - Работник
222views

На последниот Извршен комитет на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК оваа година се дебатираше за промовирање на колективното преговарање и подобрување на платите. Комитетот ја разгледа неговата позција во најавената иницијатива на новиот Претседател на Европската комисија за да се осигура дека секој работник во Европа ќе има фер плата и за тоа кој правен инструмент е најдобар за оваа цел. Зајакнувањето на колективното преговарање и синдикалните права е клучен проблем поради тоа што работодавачите работат на тоа да ги уништат, а конзеравтивните влади ги поддржуваат. Информацијата којашто Европската Федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ ја добива од страна на работодавачите покажува дека тие се против ЕУ мерките кои би ги ги подобриле платите на работниците. Особено мултинационалните корпорации се среќни за тоа да ја одржуваат разликата на платите помеѓу Централна и Источна Европа и останатиот дел. Ова не е прифатливо.

Извршниот комитет ги усвои следните одредби:

Advertisement
  • Компаниите да бидат обврзани да пријавуваат кршење на човековите права, даноци и уште многу работи на ЕУ. Синдикатите и многу други групи расправаа за тоа да се формира договор во Обединетите Нации кој ќе се грижи за тоа да се почитуваат човечките права.
  • Проширување на Европската унија на следниот самит. Преговорите за членство во ЕУ за Македонија и Албанија требаше да започнат.
  • Да се одбие договорот помеѓу ЕУ и Виетнам. Виетнам ги нема ратификувано релевантните конвенции на Меѓународната организација на труд. Договорот содржи и контроверзен механизам за заштита на мултинационалните компании. Европскиот Парламент, по ова прашње ќе треба да одлучи во јануари.
  • Легислатива за буџетарскиот инструмент на ЕУ за конвергенција и конкуренција
  • Работната програма за Миграцијата и Азил.
  • Поголема соработка со групата на работниците во Европскиот економско – социјален совет.
  • Резолуција за поддршка на украинските синдикати кои се борат против нападите врз Трудовиот кодекс.
  • Вклучување во дискусијата на Акцискиот плат за ЕУ Столбовите за социјални права.

 

Advertisement

Advertisement
Advertisement