СветСветот на работникотСиндикат

ЕПСУ: Се обнови Европскиот социјален дијалог во секторот за гас

ЕПСУ: Се обнови Европскиот - Работник
182views

Реактивиран е Европскиот социјален дијалог во секторот за гас: Улогата на гасот во де-карбонизирана европска економија, пишуваат од Европската Федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ на нивната веб страна. 

Од таму истакнаа дека денеска европските федерации на синдикатите, Индастри Ал синдикатите, ЕПСУ и здружението на индустријата „Еврогас“ го рестартираат својот Европски социјален дијалог во секторот за гас. Овој секторски социјален дијалог има поддршка од Европската комисија. На нивните пленарни состаноци, Социјалните партнери се осврнаа на улогата на гасот во де-карбонизираната европска економија и влијанието на енергетската транзиција врз работниците во Европската гасна индустрија.

„Секторот за гас во моментот е во голем пресврт. Тој мора да биде дел од стратегијата за де-карбонизација, која во моментот ја формираат европските институции. Овие еволуции мора да бидат предвидени со цел да се избегнат какви било негативни последици и да се понудат јасни перспективи на работниците. Правилната транзиција што работниците и локалните заедници ја заслужуваат може да биде ефективна само преку силно вклучување на социјалните партнери на сите нивоа. Денес, европските социјални партнери во секторот за гас ја преземаат својата одговорност“, рече Јан Вилем Гудријан, генерален секретар на ЕПСУ.

„Враќањето на оригиналниот социјален дијалог со европските работодавци во секторот за гас доаѓа во клучна точка во дискусијата за долгорочната стратегија на ЕУ за де – карбонизација. Во моментов, постојат многу неизвесности во врска со идната улога на гасот и какво место ќе заземе обновливиот гас и водородот во економијата. Социјалните партнери мора заеднички да предвидат промена и да понудат јасни перспективи на работниците“, додаде Лук Трајангал, генерален секретар на Индустри Ал.

Генералниот секретар на Еврогас, Џејмс Вотсон, заклучи: „Секторот за гас минува низ транзиција. Природниот гас може да ги исполни напорите за де – карбонизација на ЕУ кон 2030 година, додека зголемениот обем на обновливи и де – карбонизирани гасови ќе биде неопходен во исполнувањето на климатските цели на ЕУ во 2050 година. Убеден сум дека нашата работа со синдикатите и Европската комисија ќе обезбеди индустриски можности и можности за вработување на работниците во ЕУ и ќе го постави темпото на европското лидерство во технологиите за чиста енергија “.