ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

„Ербас“ ќе отпушти 15,000 работни места

Ербас - Работник
65views

Европскиот произведувач на авиони Ербас планира да укине 15,000 работни места, бидејќи се нашол во тешка финансиска ситуација поради пандемијата од коронавирусот.

Најмногу работни места би требало да бидат укинати во Франција и Германија, во секоја земја по 5,000, во Велика Британија 1,700 работни места, околу 900 во Шпанија, а остатокот во други земји.

Раководството на Ербас веќе започнало разговори со социјалните партнери (синдикатите) и се очекува дека ќе постигнат договор до есен оваа година, а до на лето следната година би требало да биде спроведен планот за укинување на 15,000 работни места, пишува порталот Индекс.

„Сакавме да избегнеме ваква ситуација, но Ербас е соочен со најголемата криза во историјата кога е во прашање авио – индустријата“, рекол во вторникот претседателот на раководството на Ербас, Гијом Фори.

Француското министерство за економија се спротивставило на планот за укинување на 15,000 работни места, сметајќи дека тоа е претерано.

Компанијата првото тромесечје го заклучила со загуба од 481 милион евра, а производството во Ербас во следните две години сигурно ќе се намали за 40 % поради пандемијата од коронавирусот.

Се очекува и авиопревозот во Ербас да се врати на истото ниво пред корона кризата, дури во 2023 година.

Ербас вработува 135,000 луѓе, а 90,000 работат на производство на делови за авионите.