ПравдаСветСиндикат

Ерменија / Азербејџан: синдикатите го поддржуваат повикот на ООН за прекин на огнот

Ерменија / Азербејџан: синдикатите го поддржуваат повикот на ООН за прекин на огнот - Работник
66views

ИТУЦ и нејзината Пан-европска регионална организација (ПЕРЦ) го поздравија повикот на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, конфликт кој однесе десетици животи.

„Овој вооружен конфликт е со голем ризик да ескалира и да го дестабилизира регионот. Загубата на човечки животи е трагична и бесмислена, во време кога светот се соочува со ужасните последици од пандемијата Ковид-19. Ги повикуваме сите инволвирани во конфликтот да го послушаат Советот за безбедност и да влезат во мирен дијалог за да се справат со недоразбирањата. Вооружениот конфликт никогаш не може да биде прифатлив начин за решавање на проблемите“, рече генералниот секретар на ИТУЦ, Шаран Буроу.

„Ние ги поздравуваме напорите на Европската унија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа да спречат понатамошна ескалација и да се најде политичко решение за долгорочниот конфликт во меѓународните правни рамки и во согласност со одлуките и резолуциите на ООН. Подготвени сме да ги поддржиме овие напори, во тесна соработка со синдикалните организации на обете земји “, рече Лука Висентини, генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати и ПЕРЦ.