- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

Ер Канада отпушта 5,000 работници поради намалениот број на летови

Ер Канада - Работник
270views

Најголемата канадска авиокомпанија Ер Канада отпушта повеќе од 5,000 стујардеси и стујарди поради намалниот број на летови предизвикани од пандемијата на Ковид – 19, соопштиле синдикалните претставници.

Компанијата со седиште во Монтреал оваа недела суспендирала поголем број од меѓународните летови, вклучувајќи ги и оние кон САД, до 31 март.

Лидерот на синдикатот на вработените во Ер Канада во рамките на Кандаскиот синдикат на јавни службеници, Весли Лескоски рекол дека оваа авиокомпанија ќе отпушти околу 3,600 вработените во главната компанија и сите 1,549 стујардеси и стујарди во нискобуџетниот огранок на Ер Канада, Руж.

Тој рекол дека отпуштањата ќе бидат во сила до април и дека ќе погодат околу 60 проценти од стујардесите и стујардите.

Од Ер Канада велат дека отпуштањата се привремени и дека вработените ќе бидат вратени на работа кога авиокомпанијата ќе биде во можност да го зголеми бројот на летови.