ПравдаСветСиндикат

Есватини: Меѓународните синдикати реагираат на бруталното насилство врз синдикалните членови

Есватини: Меѓународните синдикати реагираат - Работник
35views

Повеќе од 30 луѓе беа повредени откако полицијата отворила оган кон демонстрантите за време на штрајк во јавниот сектор во Есватини, држава во јужниот дел на Африка. Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК ја осуди бруталноста на Владата против мирните демонстранти.  

„Почит за работнички права, дијалогот со добра волја и Влада која одговора на потребите и грижите на луѓето, како и секоја друга држава, ова е се што му треба на Есватини, а не државно насилство врз луѓето. Кралот на Есватини, Мсвати ни вети дека ќе изгради ‘мостови’, но сепак гледаме дека Владата прави се за да ги потцени“, рече Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.

Во обид да го сопре штрајкот, Владата се засолни во Националниот суд за индустриски основи, од кои побара да го прогласи штрајкот за нелегален. Во писмо адресирано до Премиерот Амброс Мандвуло, ИТУК ги обележа минатите посветување за воспоставување на дијалог и потсети дека „употребата на насилството, дури и од страна на внатрешното обезбедување, претставува сериозно кршење на човечките и синдикалните права“.

Генералниот Секретар на Националниот јавен сервис и здружените работнички синдикати (НАПСАВУ), кон кој било пукано, бил меѓу оние кои биле повредени. Насилството се случува и покрај обидите да се рашири демократската слобода во државата. Советот за човечки права на Обединетите Нации ја повика Владата да воведе мерки за заштита на јавните настани и демонстрации.

„Владата тврдеше дека штрајкот бил закана за националните интереси. Доколку барањето на луѓето е да имаат подобри работни услови е против владината верзија за ‘национални интереси’, значи дека Владата погрешно сфатила“, додаде Бароу.