- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Безбедноста на работно место не е приоритет на Европската комисија

ЕТУК: Безбедноста на работно место - Работник
250views

Европските синдикати се шокирани и загрижени поради тоа што Европската комисија сеуште нема официјални планови со кои работните места би се направиле побезбедни во ек на коронавирусот, соопшти Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Најновата верзија на работната програма објавена денеска од страна на комисијата вклучува 43 иницијативи, вклучувајќи предлози за наплаќањето на аеродромите преку криптовалути и „подобра регулација“.

Advertisement

Од ЕТУК сметаат дека комисијата повторно не успеала да воведе подобрувања во безбедноста и здравјето при работа, занемарувајќи го проблемот кој бил претставен во оргиналната програма на комисијата.

Од таму велат дека ова е неверојатна одлука, по илјадниците смртни случаи предизвикани од вирусот Ковид – 19 на работно место, додека милиони работници сеуште се дома поради тоа што нивните работни места не се безбедни.

Advertisement

„Дури и без Ковид – 19, во Европа годишно има 4,000 фатални несреќи при работа, додека повеќе од 100,000 луѓе годишно умираат од канцер поврзан со работното место.

Од ЕТУК порачуваат дека постои потреба од нова и амбициозна стратегија на ЕУ за безбедноста и здравјето при работа, вклучувајќи дополнителни обврзувачки мерки за супстаците кои го предизвикуваат канцерот, како и потребна е директива за борба против стресот на работното место.

Advertisement