- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Вон дер Лајен не ги исполнува своите ветувања – нема еднакви плати за мажите и жените во ЕУ

ЕТУК: Вон дер Лајен - Работник
145views

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК бара од Европската комисија да ги прегледа плановите за напуштање на ветувањето за обврзувачките мерки за создавање на еднакви и фер плати поради пандемијата на корона вирусот.

Обврзувачките транспарентни мерки за платите кои би требало да го затворат 15 процентниот родов јаз биле едно од петте ветувања кои Урсула вон дер Лајен ветила дека ќе ги исполни за 100 дена откако ќе стане Претседател на комисијата.

Advertisement

Но, протечената работна програма на комисијата го открила долгото доцнење за носење на мерките за родово еднакви плати и пофер плати за жените. Во неа се вели дека овие мерки би создале преголем административен товар врз компаниите и дека е знак прашалник дали есентта ќе биде погодно време за овој предлог.

ЕТУК верува дека ова е измама на милиони на жени кои работат на првата линија на фронотот против корона вирусот.

Advertisement

Податоците на Еуростат покажале дека 78 проценти од сите здравствени работници, вклучувајќи ги и оние 4,1 милион ниско платени и високо изложени лични грижатели се жени.

 

Advertisement