СветСиндикат

ЕТУК го одржа првиот состанок со Претседателката на Европскиот Совет, вон дер Лајен

ЕТУК - Работник
49views

Европската Конфедерација на синдикати  – ЕТУК вчера одржа позитивен прв состанок со Урсула Вон дер Лајен, претседателката на Европскиот Совет, на кој разговарале за зголемувањето на платите преку колективното договорање и другите приоритети на Европските работници.

Вон дер Лајен ветила дека во првите 100 дена ќе воведе мерки за „да осигура секој работник во Синдикатот да има фер минимална плата“, а Комисијата ќе ја објави консултацијата за политиката на 14 јануари.

ЕТУК ги одобрува плановите за зголемувањето на платите и верува дека колективното договорање е одржливо решение коешто има моќ да се бори против намалувањето на платите и нееднаквоста. Во текот на состанокот, Претседателката вон дер Лајен се согласила дека колективното договарање е фундаментално за социјална пазарна економија и го замоли ЕТУК да подготви предлог за тоа како колективното договарање би се зајакнало во секоја земја членка.

„ЕТУК одржа позитивен прв состанок со Претседателката вон дер Лајен во кој се согласивме дека колективното договарање е најдобриот начин да се овозможи секој работник да го добие она што му следува“, рече Генералниот Секретар на ЕТУК, Лука Висентини.