ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК го поздравува амбициозниот план на ЕУ за опоравување на економијата

ЕТУК го поздравува амбициозниот план - Работник
63views

Коментирајќи го пакетот на Европската унија за опоравување на економијата, генералниот секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, Лука Висентини рече дека Европа се соочува со најлошата рецесија од 1930 година која е проследена од најголемата пандемија во последните 100 години, поради која во ризик се ставени работните места и еднаквоста на работниците.

„Поради тоа ЕТУК го одобрува амбициозниот план на ЕУ за опоравување на економијата, предложен од страна на Урсула вон дер Лајен. Средствата од 750 билиони евра за опоравување и помошта од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 1,1 трилион евра, се се’ што и треба на Европа. Ние го цениме тоа што ова огромно инвестирање во најголем дел ќе биде овозможено од земјите членки на ЕУ преку директни грантови и дека парите ќе бидат собрани преку заеднички должнички инструменти гарантирани од страна на Европската комисија преку долгоочекуваниот раст на самите ресурси на ЕУ, за да се избегнат дополнителни задолжувања од страна на земјите членки на ЕУ“, рече Висентини.

Висентини наведе дека добро е што инвестициите ќе ја извадат Европа од рецесија, но според него треба да се вложува и во борбата против климатските промени и невработеноста на младите. Посочи дека ЕТУК го одобрува инвестирањето во екологијата и дигитализацијата, канализирањето на парите преку економски и социјални кохезиски фондови и зачувувањето на еднаквоста и социјалната инклузија.