СветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК го поздравува ветувањето на ЕУ за заштита и промовирање на колективното преговарање

ЕТУК го поздравува ветувањето - Работник
27views

Урсула фон дер Лајен презеде значаен чекор кон обезбедување на синдикалната поддршка за нејзните планови во врска со минималните плати со нејзиното ветување за Шведските медиуми да го зашити и промовира колективното преговарање. 

Претседателката на Европската комисија рече дека ЕУ нема “никогаш“ да наметнува законска минимална плата во шестте држави кои одлучуваат за минималната плата преку колективно преговарање, а тоа се: Австрија, Кипар, Данска, Финска, Италија и Шведска. 

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК го поздрави ова ветување. Членовите на ЕТУК гласаа за поддршка на дејствието на ЕУ да се справи со ниските плати, но предупредија дека нивната поддршка е условна, односно ЕУ мора да гарантира дека ќе го заштити и промовира колетивното преговарање на најдобар можен начин и дека преку него ќе се обезбедат фер плати за работниците.