ПравдаСветСиндикат

ЕТУК: Го цениме тоа што ЕК стои цврсто во отворањето на преговори со Македонија

ЕТУК - Работник
119views

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК ја поздравува посветеноста на Европската комисија за продолжување и резасилување на процесот за проширување, но жали за недостатокот на чист фокус на социјалните цели во процесот на проширување, велат од ЕТУК во соопштението за медиуми.

Истакнуваат дека ЕТУК ги поддржува плановите на Комисијата да ја подобри стимулацијата на земјите кандидатики кои напредуваат преку зголемено финансирање и инвестиции и поблиска интеграција со политиките на Европската унија, пазарите и програмите во полињата каде имаат остварено прогрес. Позитивно е тоа што, доколку се одобрат, овие правила ќе се применат во пристапните разговори кои ќе започнат откако ќе се усвои планот, можеби со Србија и Црна Гора.

Тие исто го ценат тоа што комисијата стои цврсто до нејзините препораки за отворање на преговори со Македонија и Албанија и поддржуваат посилно политичко владеење во процесот на преговорите.

ЕТУК ги повикува Европската комисија и владите на земјите кандидатки да ги стават социјалните реформи на исто ниво со фундаменталното демократско владеење на правото и економските реформи. Тие ја подвелкуваат важноста за целосната вклученост на синдикатите и работодавачите преку социјален дијалог на Европско и национално ниво.

„Ја повикуваме Европската комисија на понатамошно реобликување на политиката за проширување преку посветување на поголемо внимание на колективното преговарање, социјлните права и заштитата и нивното засилување како витални за осигурување на овие процеси“, рече Лука Висентини, генерален секретар на ЕТУК.