- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Да се активира механизмот за поддршка на работниците на скратено работно време

ЕТУК: Да се активира - Работник
154views

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК е задоволна од прифаќањето на нивниот предлог од страна на Европската комисија за итно стартување на SURE шемата за осигурување на невработените лица и поддршка на работата со скратено работно време, рече генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини.

„Ситуацијата на работнциите погодени од Ковид – 19 го влошува секој час и последното нешто што и е потребно на Европа сред здравствената криза е масовна невработеност и уште една економска криза“, рече Висентини.

Advertisement

Според него, механизмот SURE ќе помогне да се финансира работата на скратено работно време и шемите за компензиација на приходите кои веќе се поставени од страна на земјите членки за да се избегнат отказите и да се осигура дека работниците ќе продолжат да земаат плати.

„Во исто време, ја замолуваме Комисијата да се погрижи овие мерки да се спроведат во сите земји членки и поддршката да се зголеми и да ги опфати сите работници, вклучувајќи ги и самовработените и работниците кои работат на платформи, во сите сектори и без разлика на големината на компаниите“, рече Висентини.

Advertisement

Тој истакна дека шемата мора соодветно да се финансира за да направи вистинска разлика за европските работници и дека тоа значи дека инструментот на долгови е итно потребен.

Висентини додаде дека бараат и од Еурогрупата и Советот да донесат итни одлуки за шемата SURE веднаш да стане оперативна. Европските работници не можат повеќе да чекаат.

Advertisement