ПравдаСветСиндикат

ЕТУК: Договорите за социјално партнерство да се усвојат во ЕУ Директиви

ЕТУК: Договорите за социјално партнерство - Работник
210views

Вчера Судот на правдата на Европската Унија пресуди за случајот поднесен од страна на Европската Федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ, против одбивањето на Европската Комисија да го проследи Договорот за социјални партнери за усвојување како Европска Директива.

Одлуката на судот ќе им зададе удар на оние 9,8 милиони владини работници кои би имале бенефиции од и тоа како потребно право на информирање и консултирање со нивниот работодавач.

„Пресудата е многу збунувачка и отвора многу прашања за легалниот принцип, отколку што одговара“, рече Естер Линч, Заменик Генерален Секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

„Ова е повик за будење на институциите на Европската Унија за да ги усвојат договорите помеѓу работодавачите и синдикатите во закони на ЕУ.

ЕТУК ќе го разгледа детално случајот со нејзините придружници и ќе одлучи како да ја донесе потребната сигурност и јасност за да договорите за социјално партнерство се усвојат како Директиви на Европската Унија.