- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Европската комисија сеуште го нема исполнето ветувањето – во 18 ЕУ членки рабониците примаат мал удел од БДП

ЕТУК: Европската комисија - Работник
205views

Работниците во две третини на земјите членки на Европската унија примаат помал удел од Бруто домашниот производ (БДП) од колку што примале на почетокот од декадата, покажуваат официјалните податоци, објави Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Според ЕТУК, статистиките на Европската комисија го покажуваат уделот во платите, што е клучен индикатор за нееднаквоста кој паднал во 18 земји членки на ЕУ помеѓу 2010 и 2019 година.

Најголемо опаѓање е забележано во Ирска (19%), потоа следуваат Хрватска (11), Кипар (6), Португалија (5) и Малта (5).

ЕТУК ги забележува овие податоци кои покажуваат дека работниците примаат помал удел од економкиот просперитет кои помагаат да се креира, во време на консултациите на Европската комисија за фер минимални плати.

„Урсула вон дер Лејен вети дека новата Европска комисија ќе создаде „економија која функционира за луѓето“, цел која ние потполно ја поддржуваме. Но, податоците на Комисијата покажуваат дека работниците во најголемиот дел на земјите членки примаат помал удел од богатството за кое напорно работат да го генерираат, отколку што примале на почетокот од декадата. Значи, вон дер Лајен треба да предложи стратегии која ќе ја смени играта за да го оствари нејзиното ветување. Зголемувањето на законската минимална плата каде што постои може да биде почетна точка, но на работниците треба и да им се овозможи и правото да се придружат кон синдикати и да преговараат колективно за да ги остварат своите цели“, рече заменикот генерален секретар на ЕТУК, Естер Линч.

 

Country Wage share 2019 Wage share 2009 Change
Ireland 33.9% 53.1% -19.2
Croatia 52.1% 62.9% -10.8
Cyprus 49.7% 55.7% -6
Portugal 52.1% 57.6% -5.5
Malta 45.7% 51% -5.3
Greece 49.6% 54.1% -4.5
Spain 53.5% 57.8% -4.2
Finland 52.6% 56.6% -4
Belgium 59.2% 62.3% – 3.1
Denmark 55.9% 58.8% – 2.9
Hungary 46.6% 48.8% -2.2
Netherlands 57.2% 59.2% -2
Luxembourg 53.9% 55.2% -1.4
Slovenia 62% 62.9% -0.9
Italy 53.3% 54.1% -0.8
France 57.3% 57.5% -0.2
Austria 54.9% 55% -0.1
Sweden 49.6% 49.7% -0.1
Euro Area 56.3% 57.1% -0.8
EU 56.2% 56.9% -0.7
Advertisement