- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Европската комисија се однесува како новинарите да немаат синдикати

Новинари- Работник
595views

Европската Конфедерација на синдикати ја поддржува секоја акција за осигурување на безбедноста на новинарите. Треба да биде јасно дека ниеден новинар и медиумски работник, односно ниеден работник, не смее да го изгуби својот живот или да биде повреден на работното место. Ова го истакна Лина Кар од Европската Конфедерација на синдикати.

„Европската унија со право ја посочи важноста на безбедноста на новинарите за демократијата и слободата на медиумите, како и за здравјето и безбедноста на работниците кои се под зголемени закани во Европа“, рече Кар.

Препораката содржи многу добри и практични предлози кои се однесуваат и на економската и социјална заштита на новинарите, рече Кар и додаде дека скандалозно е тоа што многу новинари се принудени да работат во опасни и несигурни форми на работа, како фриленсингот и самовработувањето. Напоменува дека е добро што Комисијата сака поголема социјална заштита за новинарите кои се во нестандарден работен однос, потенцирајќи дека би било уште подобро Комисијата да предложи акција за трансферирање на новинарите од несигурно во сигурно вработување.  

„За жал, Европската комисија ја игнорира улогата на синдикатите на новинарите, преферирајќи повеќе да соработува со новинарските асоцијации, однесувајќи се како синдикатите да не постојат“, рече Кар.

Тажен е фактот што на Препораката и недостига храброст, вели Кар, нагласувајќи дека претставува слаб инструмент со слаби резултати, кој се потпира на волјата на земјите членки, односно дозволува да одлучат тие дали ќе се имплементира. Таа наведе дека има многу малку докази кои укажуваат на тоа дека земјите членки би ја примениле оваа Препорака.

„ЕТУК ги охрабрува Комесарите Бретон и Јорува да направат се што е во нивна моќ и да осигураат заштита на новинарите од физички и психички повреди, како и од економска експлоатација“, заклучи Кар.